Loading Video...
Свет
17. October 2024 - 16:34

Преглед на вести од светот

Претседателот на Украина, го претстави Планот  за победа за  крај на војната  со Русија  на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.  Неговиот  план содржи барања што сојузниците на Киев  досега одбиле да ги одобрат- како што е повикот за покана  на Украина  да се приклучи на  НАТО и дозвола да се користи западно оружје за да се нападне длабоко во Русија.  Зеленски дециден- Овој план не зависи од волјата на Русија, туку само од волјата на нашите партнери и тоа дава можност да се реализира овој план.

-Предлагаме да се стави на украинска територија пакет за одвраќање што или ќе ја принуди Русија да учествува во вистински мировни преговори или ќе овозможи уништување на нивните воени цели. Путин само мора да види дека неговите геополитички пресметки се безвредни. И поканата сега со членство подоцна нема да има политичка цена - тоа е силна одлука која не бара ништо друго освен одлучност.Ако почнеме сега и го следиме Планот за победа, можеме да ја завршиме оваа војна најдоцна до следната година, истакна Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски исто така повика на нова  воена помош  а шефот на  Европскиот совет истакна дека ЕУ ке направи обиди  да ја забрза својата поддршка за Украина, и воена и финансиска. 

Во Брисел, денеска и утре состанок и на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој исто така учестува Зеленски . Покрај украинскиот план за победа  теми се и зајаканување на одвраќањето и одбраната на Алијансата и глобалната безбедносна ситуација. Пред состанотот, првиот човек на НАТО изајви дека Украина секако  ке биде дел од  НАТО, но  засега не може да каже конкретен  термин за зачленувањето.

ИЗарел продолжува со воздушните напади  врз цели на Хамас во северниот дел на појасот Газа. Поради нападите ,конвоите со хумантраната помош нема да влезат во Северна Газа, каде основниет резерви не се обновени од први октомври.   Утрово, ОН доставија помош со падобрани за северна Газа.  . Вчера   Израел пушти 50 камиони со  храна, вода,  медицински материјали и опрема во Газа.. Во понеделникот, Соединетите држави му поставија ултматум на Израел  - во следните 30 дена да ја подобрат хуманитраната сосотојба во Газа или да се соочат  со можноста за намалување на американската воена помош.  барањата на САД се-  Израел мора да дозволи најмалку 350 камиони дневно да влезат во Газа и да не ја попречува дструбуацијата на помошта до населението.  Израелската војска не запира и со нападите врз Либан . соопшти дека убила локален командант на групата Хезболах кој  бил задолжен за истрелување проектили кон Израел.