31 годишник се обидел да силува жена во Кисела Вода
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
На 5 септември, осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа. Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го доврши обиденото кривично дело. Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик