Балкан
17. August 2024 - 17:10

Пожари беснеат и во соседството

Турција се бори со шумски пожари во 5 области Измир, Ајдин, Болу, Мугла и Маниса. Под контрола се ставени 45  од пожарите кои избнувнаа на 72 локации објави Управата за вонредни ситуации на Турција.  Се интервенира и од воздух и од копно. Деведесет авиони, над 4000 луѓе и 1218 возила се вклучени во операциите за одговор на пожарите во Измир, Ајдин, Болу, Мугла и Маниса. 

Министерот за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли утрово информриаше  дека  повеке нема опаснот од ширење на огнената стуихија кон населени места во Измир. Во текот на вчерашниот ден поради силниот ветер, пламените јазици се приблиќија до населени места,оштетувајќи 16  домови и деловни објекти, а повредени се 78 луѓе од кои 29 се хоспитализирани. 

И во Хрватска беснеат  шумски пожари.   Гори  на повеќе места  во регионите  Шибеник – Книн и Сплит –Далмација.  На помош се испратени  и  припадници на хрватската армија.  Од  Хрватската противпожарна заедница соопштија дека  пламените јазици претставувале закана за куќи во селото Отон во регионот Шибеник – Книн, но пожарникарите успеале  да ги  одбранат. 

Противпожарната служба на Грција пак  информираше дека нема веќе активни пожари во пошироката област на Атина а според досега направената  проценка на штетите од огнената стихија  104 домови се класифицирани како несоодветни или привремено несоодветни за користење. Пожарот во близина на Атина зафати површина од околу 10 000 хектари. 

А кај нашиот западен сосед, годинава  пожарите   уништиле 29 000 хектари шума.Само во текот на мината недела во Албанија  според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари  изгореле 2.390 хектари шума.