Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани на пристаништето во Солун
Над 90 килограми кокаин во вредност од над 2,9 милиони евра бил откриен во пратка со банани во контејнер што на пристаништето во Солун пристигнал од Еквадор, а како примач била наведена француска компанија, која испраќа банани во Романија, јави дописничката на МИА од Атина.
Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) соопшти дека царинските инспектори со помош на рендген го откриле кокаинот во пратка со свежи банани.
Бил спакуван во 80 пакувања со вкупна бруто-тежина од 92,7 килограми, внимателно скриени во специјален простор на механизмот за ладење.
Дрогата и контејнерот веднаш биле конфискувани и било известено надлежното обвинителство, додека истрагата за откривање на примателите на кокаинот продолжува.
Кокаин скриен во контејнер со банани беше откриен и пред неколку дена во пратка, исто така од Еквадор, што пристигнала на атинското пристаниште.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД