Мицотакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски

– Верувам дека постојат два пола, машки и женски, ова е мое лично мислење, ова го налага биологијата, рече меѓу другото, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на панел-дискусија со поранешниот премиер на Италија Енрико Лета во организација на Грчко-американската трговска комора, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за новиот американски претседател Доналд Трамп и односите на Грција со САД рече дека се одлични и дека „никогаш не биле подобри од последните пет години“, објаснувајќи дека двете земји имаат потпишано сеопфатен договор за безбедност и одбрана.
– Нашиот однос во голема мера ги надминува одбраната и безбедноста. Видовме зголемен интерес од американските технолошки компании за инвестирање во Грција.
Секако, традиционално имаме многу силни културни и образовни врски. Гледаме голем интерес од американските образовни институции да дојдат и да соработуваат со нашите јавни универзитети.
Тоа е многу силна и, верувам, трајна врска, истакна Мицотакис.
За изјавите на Трамп и за евро-атлантските односи рече дека е важно да се остави да се разјасни позицијата и да се види дали нешто од тоа претставува повторување на одредени предизборни ветувања и да се види точно каква ќе биде политиката на САД кон Европа.
– Европа со оваа нова реалност, верувам дека се соочува многу посвесно и геополитички многу позрело. Но, треба да истакнам дека претседателот Трамп излезе со слични изјави во 2016 година.
Беше избегнато најлошото, барем во однос на големата трговска војна меѓу Европа и САД, рече Мицотакис изразувајќи надеж дека и овој пат ќе биде исто.
За улогата на Грција во Европа, грчкиот премиер посочи дека веќе е минато времето кога „Грција важеше за земја која само се занимава со сопствените проблеми и ја оптоварува Европската унија со своите внатрешни неуспеси“, а сега, целта на Владата е „да игра значајна и конструктивна улога во пошироката европска дебата“.
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
