Османи криел документ од ЕК дека може да се патува со старите пасоши, тврди Милошоски
Министерот Бујар Османи криел документ на кој се потпишале 25 земји членки на ЕУ дека ќе може да патуваме со старите пасоши низ европските земји до септември годинава. Документот е на италијански јазик и италијанското МВР го испратило уште во февруари на нивната гранична полиција, дека по препорака на ЕВропската Комисија треба да се пуштаат македонските граѓани со старите пасоши.
Овие тврдења и документот,кој не бил прифатен само од Грција и Франција, го објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Министерот Османи, вели ова е низа од лажните вести кои ги шират ВМРО-ДПМНЕ и според него тие ќе се засилат во ек на кампања. Османи се понуди да оди во МВР и да слика за пасоши, за да нема застој во вадењето лични документи за граѓаните.
Државјаните на Македонија не можат да излезат со стар пасош од земјава, но затоа праксата изминативе месеци покажа, ако излезат со лична карта преку Србија, Албанија или Косово, понатаму можат да патуваат со старите пасоши во земјите низ Европа.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар