Во прекин јавниот превоз ширум Германија
Автобусите и трамваите ширум Германија денеска не сообраќаат откако синдикатот „Верди“ повика на еднодневен штрајк барајќи подобри услови за работа, а на протестот се приклучија и персоналот на аеродромот во Хамбург и климатски активисти.
Синдикатот „Верди“ ги застапува интересите на околу 90.000 работници и бара, меѓу другото, подобри услови за работа за вработените во јавниот превоз, а штрајкот се одржува во сите германски покраини освен во Баварија.
Персоналот на аеродромот во Хамбург е поканет да се придружи на протестот, што доведе до откажување на некои летови, но воздушниот сообраќај засега главно се одвива нормално.
Протестот на аеродромот во Хамбург следи по вчерашниот штрајк на безбедносните службеници на германските аеродроми во Франкфурт, Берлин, Бремен, Лајпциг, Келн и други градови, со што беа прекинати патувањата на повеќе од 200.000 луѓе, пренесува Дојче веле.
Штрајкот организиран од синдикатот „Верди“ во сите сојузни покраини освен Баварија е последниот во серијата индустриски акции што го погодија транспортниот сектор во Германија во последните неколку недели.
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче