РКЕ: За 140 проценти е зголемен инсталираниот капацитет за производство на струја од сонце
За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година - 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
-За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за кои се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140 проценти повеќе од цела 2022 година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW. Интензитетот на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за скоро 6 MW, вели во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според РКЕ, со електричната енергија произведена од обновливи извори од новите централи, што се изградени за помалку од две години може да снабдуваат над 166 илјади домаќинства.
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи