Македонија
24. February 2016 - 17:07

Кратово денеска до прославува заштитникот на градот Свети Ѓорѓија Кратовски

На достоинствен начин, како што прилега на ликот и делото на заштитникот на градот, кратовчани денес го прославија празникот св.Ѓорѓи Кратовски. Со свечената литургија началствуваше митрополитот кумановско-осоговски г.Јосиф.

Во малата црквичка која го носи името на светецот, присуствуваше и претседателот на државата Ѓорге Иванов со сопругата Маја.

Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев“, каде владиката Јосиф кршеше славски колач и освети вода за верниците. Животот на маченикот Св. Ѓорѓи траеше кратко, но споменот за него трае 501 година, а ќе продолжи да трае вечно, порачаа кратовци.