ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да се срами да го стави зборот „Онкологија“ во соопштение
СДС треба да се срами да го стави зборот „Онкологија“ во соопштение, зошто се директно виновни за страдањето на десетици луѓе.
Крадењето на цитостатици, кои наместо за болните од рак завршувале на црн пазар за продажба е директна одговорност на СДС.
Која црна истрага се води, кога и после недела дена од случајот сите потенцијално одговорни и виновни се на слобода на своите работни места со можност да влијаат на истрагата?
Дали некој во СДС мисли дека народот е целосно несвесен и го потценува?
Јасно е дека врвот на власта со Ковачевски знаел за случувањата на Онкологија, не може да има 20 милиони евра минус на Клиниката, а никој да не се запраша зошто.
Сведочењата на семејствата на жртвите се доволен индикатор дека системот во целост е трул и е потребен рестарт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај