Ковачевски: Сега е време за храбри одлуки за европската иднина на младите
Младите се носители на прогресот во секое општество, предводници во реализација на нови, свежи и храбри идеи за чие остварување треба да сме им поддршка. Затоа како Влада се фокусираме на креирање конкретни мерки кои ќе ги зголемат можностите за вработување на младите. Ги охрабрувам младите - бидете гласни, нека се слуша вашиот глас, заслужувате иднина за која ние како генерација пред вас ќе се бориме со храбри и државнички одлуки, порача претседателот на Владата Димитар Ковачевски во честитката по повод Меѓународниот ден на младите, 12 август.
Како што наведува премиерот Ковачевски, од 2018 година до денес, над 80 000 млади лица се вклучиле во „Гаранцијата за млади“, додека речиси 40 отсто од учесниците во оваа мерка добиле понуда за вработување, континуирано образование и обука и биле вклучени во практикантство.
-За оние до 23 години кои работат во производство воведовме дополнителен, младински додаток на плата од 3.000 денари, а студирањето го олеснуваме со субвенционирање на студентскиот оброк. Но, како Влада сме одговорни и да им овозможиме на младите иднина и многу повеќе можности кои ќе ги реализираат во земјава, наместо надвор од неа. Затоа се бориме да го отвориме целосно патот кон Европската Унија, кој чекорејќи го заедно со младите ќе го подобрува нивниот живот тука. Затоа сега е моментот да им докажеме дека мислиме на нив, и дека нема да ги закочиме нивните можности и придобивки кои ЕУ ги обезбедува и без да се селат надвор од татковината“, пишува Ковачевски во честитката.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
