Tренчевска: Воведуваме системско решение за раст на платите во јавниот сектор, сите вработени одсега ќе добиваат и К-15
Како што воспоставивме систем за минимална плата, систем за постојан раст на пензиите, така со овој општ колективен договор после 15 години повторно воспоставуваме систем за раст на платите во јавниот сектор, порача претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во интервју за Дневникот на Телевизија Сител.
Таа истакна дека Општиот колективен договор носи бројни поволности за 130.000 вработени во јавниот сектор, но и дека носи извесност и стабилност во иднина.
„Со општиот колективен договор ќе следува зголемување на платите за 10 отсто од септември оваа година, но истотака со него ја вративме и исплатата на К-15 и исплатата на јубилејните награди. Веќе од следната година износот на К - 15 ќе биде најмалку 30 отсто од просечната плата, а од 2025 година ќе започне да се применува новата методологија за исплата на плати во јавниот сектор. Создаваме еден систем кој што ќе гарантира постојан раст на платите и тоа нема да зависи од тоа кој министер и кој е премиер, туку ова веќе е систем кој што е воспоставен и кој што не може да ги врати правата на работниците назад“ посочи Тренчевска.
Тренчевска истакна дека новиот Колективен договор ќе ја зголеми мотивацијата на вработените, но и дека ќе се врши мерење на нивната продуктивност.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје