За нелегално поседување оружје и муниција во тетовскиот регион лани 22 пријави, од почетокот на годинава пет
Во тетовскиот регион за поседување оружје и муниција без дозвола во текот на изминатите четири месеци од 2023 година откриени се и добиле кривична пријави пет лица, додека во 2022 година откриени се 22 кои се товарат за истото дело.
Осомничените лица се соочуваат со кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ според член 396 од Кривичниот законик. За вакво сторено кривично дело предвидени се казни со затвор од три до десет години.
-Во изминатите четири месеци од годинава, регистрирани се 6 вакви кривични дела, во кои биле инволвирани пет (5) лица, кои биле опфатени со три (3) кривични пријави, а било пронајдено и одземено: 3 пиштоли, 1 ловечка пушка, 1 рачна бомба и 373 куршуми од различен калибар, 1 револвер, 2 полуавтоматски пушки, 1 ловна пушка, 2 рамки и 1 топовски удар. Во периодот за кој станува збор изготвени се и 20 прекршочни барања по Законот за оружје (член 80), најмногу за пронајдени ножеви, боксирачи, безбол палки, гасни пиштоли и така натаму. Без сопственик, пак, пронајдени и одземени се 2 гранати, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Минатата година 2022 на подрачјето на СВР Тетово вкупно регистрирани се 16 кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во нив биле инволвирани 22 лица кои биле опфатени со 13 кривични пријави.
-Во овие кривични дела биле пронајдени и одземени : 2 пиштоли, 2 автоматски пушки, 2 ловечки пушки, 1 автоматски пиштол, 1 револвер, 1 сигнален пиштол 432 парчиња муниција, 9 патрони за ловечка пушка,, 4 рамки, 8845 петарди и 159 огномети. Покрај ова, по Законот за оружје (член 80) биле изготвени 56 барања за поведување на прекршочна постапка против 57 сторители, најмногу за поседување на метални боксирачи, ножеви и гасни пиштоли, информира портпаролот Јосифоски.
Во овој период изготвени се и три барања за пронајдено оружје без сопственик.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик