Loading Video...
Спорт плус
13. February 2023 - 17:55

Канзас Сити е нов шампион во НФЛ лигата

Ново спектакуларно издание на популарниот Супер бол, или финалето во Американската фудбалска лига НФЛ. Екипата на Канзас Сити „Чифс“ со победа од 38:35 против Филаделфија Иглс го шампионскиот трофеј во Националната фудбалска (рагби) лига (НФЛ).
 
На 57-то издание на Супер Боул, победникот беше решаван во завршните секунди, откако во најголемиот дел Филаделфија беше онаа што имаше предност, а најмногу 10 поени. 
 
Предводени од својот организатор на играта, квотер-бекот Патрик Махонс, Канзас успеа да направи пресврт и заслужено да стигне до трофејот на Винс Ломбарди, трет пат во последните пет години. 
 
Махонс беше прогласен за МВП на финалето, додека квотербекот на Филаделфија, Џејлен Хртс стана првиот со три тачдауни на Супер Боул.
 
Очекувано, еден од најскапите и најгледани светски спортски настани на полувремето мина во знакот на американската ѕвезда Ријана која имаше спектакуларен настап на популарниот „Halftime show“.