Германија мора да штеди за долгорочно да го контролира долгот
Во интерен документ на германската Влада, до кој дошло викенд изданието на весникот „Велт“, се предвидува дека Германија мора веднаш да преземе мерки за значително кратење на државниот буџет за да може на долг рок да ја контролира државната каса.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, една од причините за оваа ситуација е тоа што животниот век на Германците е подолг од кога било досега, а наталитетот е се помал.
Доколку навреме не бидат преземени соодветни мерки нивото на долгот би можел да се искачи на 220 отсто од БДП во наредниве четири децении, сметаат експерти од Кабинетот на германскиот министер за финансии Влофганг Шојбле.
Дозволениот лимит на националните долгови на членките на ЕУ предвиден со Договорот од Мастрихт потпишан во 1992 година е 60 отсто.
Извештајот предупредува дека доколку Владата не реагира веднаш, можни се „сериозни ризици од неодржливот долг“ и негово неверојатно зголемување, што ќе ги огранични можностите за реакција.
Министерот за финансии Шојбле е еден од најпринципиелните политичари во еврозоната, кој постојано ги критикува останатите членки за прекумерен долг, а и во својата држава се држи до принципот на „црна нула“ - финансиска политика без никаков дефицит.
Во зависност од растот на економијата и наталитетот, за да избегне неодржлив долг Германија во најдоброто сценарио ќе треба да крати трошоци во висина и од седум милијарди евра годишно, додека во најцрното сценарио ќе треба да се штедат околу 23 милијарди евра во секоја буџетска година.
Вкупниот буџет на Германија за 2015 година беше 299,3 милијарди евра, а беше остварен и суфицит во висина од 12 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Приведен 43-годишник кој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци
-
Власти на Хамас: Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
-
Телефонски разговор Зеленски-Трамп
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола