Ковачевски: Во најголем процент сме усогласени со Алијанса за Албанците
Основните претпоставки на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, во одговор на прашањето околу денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција.
Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ке продолжат.
-На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски.
Тој додаде дека во текот на наредните денови ќе имаат состаноци и со Алтернатива.
Инаку, на денешната редовна седница на Извршниот одбор, како што рече, ќе разговараат за актуелните состојби во државата, но и ќе ги информира членовите на Ивзшрниот добр во однос на денешниот состанок со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
Ново на Сител
-
Запленети околу четири тони марихуана во валандовското село Јосифово, 16 лица повикани на службен разговор
-
АХВ: Од „тобако“ во Скопје уништени околу два тони небезбедна храна
-
Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза
-
Николоски: Уште шест нови авиолинии до крајот на годината
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа