Македонија
18. May 2016 - 8:18

Промоција на антологијата на македонската поезија за деца од Раде Силјан

Во рамки на традиционалната литературна манифестација „Илинден 2016“, денеска во Домот на културата во општина Илинден ќе биде промовирана антологијата на македонската поезија за деца „Сончево огледало“ од Раде Силјан.

Промотивна реч за делото ќе одржи проф. д-р Христина Николовска, а стихови ќе читаат десетина истакнати македонски писатели застапени во антологијата меѓу кои Стојан Тарапуза, Цане Андреевски, Александар Поповски, Ефтим Клетников, Александар Кујунџиски, Трајче Кацаров, Виолета Танчева Златева и др.