Владата го задолжи ЕСМ дистрибуција на топлина да склучи договор за купопродажба на топлинска енергија со ТЕ-ТО
Владата на денешната 98-ма седница ја разгледа и усвои информација за преземање мерка за обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија во случај на постоење на кризна состојба и донесе одлука за преземање мерка за обезбедување на дополнителни количини на топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
Како што информираат од владината прес-служба, задолжено е Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје да склучи договор за купопродажба на топлинската енергија со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, во рамки на потребните количини, а согласно потребите на Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје на месечно ниво.
Претходно АД ЕСМ склучи договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас за топланите „Исток“ и „Запад“ за периодот од 1 до 15 ноември и за КОГЕЛ во подружница „Енергетика“ за периодот 1 до 30 ноември.
– Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ-ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за ноември, за неа не е извршена набавка од АД ЕСМ, соопштија тогаш од државната енергетска компанија.
Нагласија дека набавката на природен гас за пократок временски период е направена од причина што се бележи пад на цените на природниот гас на берзите и оти очекувањата се дека ќе се обезбедат поповолни услови, пред се финансиски, доколку се набавува сукцесивно за последователни покуси периоди.
Најавија дека во следните денови, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со ТЕ-ТО за ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје.
Ново на Сител
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово