Познато е кој ќе ги ревидира имињата на здруженијата во земјава - Антидискриминаторска комисија уште чека одговори
Почнува регулацијата за регистрација на здруженија на граѓани кои ќе сакаат име на историска личност. Владата ќе формира деветчлена комисија која како меѓуресорско тело ќе има улога да расправа за употребата на името на здружението. Постојани членови ќе имаат Македонската академија на науката и уметноста, Филозофскиот факултет, Институтот за историја, Централниот регистар и министерствата за правда, економија и образование.
Тие веќе добиле допис да номинираат свој член. Неофицијално, предлогот за формирање на комисијата владата ќе го разгледува на седница во вторник.
„Се очекува на некоја од наредните седници, Владата да донесе одлука за формирање на оваа комисија. Ќе се предложи комисијата да биде во состав 7+2. Седуммина би биле постојани членови, а другите двајца ќе се именуваат зависно од тоа за каква личност ќе се расправа. Комисијата би имала советодавна улога за употребата на името на здружението“
Дали под лупа ќе се најдат и веќе регистрираните здруженија, од правда велат дека за тоа комисијата ќе одлучува по нејзиното формирање.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар