Македонија
31. July 2022 - 16:43

Километарски колони возила и на Богородица

Километaрски колони за влез во Грција. Граѓани кои патуваат кон јужниот сосед преку социјалните мрежи споделуваат видеа на кои се гледаат колони со возила и  со реакции дека се чека долго за премин на државната граница. Дека има зголемена фреквенција потврдуваат и од ГП Богородица, но според нив максималното чекање за граничните проверки изнесува околу половина час.

Од таму додаваат дека бројот на патници викендов има двојно зголемување во однос  на работните денови. Според проценките на пограничните служби само денеска треба да бидат остварени околу 40 000 преминувања на границата. Најбројни меѓу патниците се македонските и државјаните од Србија. Од ГП Богородица велат  зголемениот број на патници бил очекуван и затоа се отворени седум коловозни ленти и ангажирани максимален број на службеници.

Од ГП Богородица информираа дека при зголемен интензитет на сообраќајот, а согласно законот за гранична контрола  се прави попуштање на граничните провреки кои се вршат во минимален обем.Имајќи во предвид дека ни претстои празник, слична состојба со зголемена фреквенција се очекува и во наредните денови.