Стартува увозот на пченица од соседна Србија
Србија ја тргна забраната за извоз на пченица, пченка, масло за јадење кон земјава. Со тоа 100.000 тони пченица ќе влезат во земјава и ќе се регулира недостигот на пазарот, а ќе се наполнат и резервите. Ќе се увезува и рафинирани и нерафинирано масло за јадење. Ова треб ада придонесе и за стабилизирање на цените.
Освен увоз, државата планира и зголемување на домашното производство на храна. За таа цел, изготвен е план кој ќе овозможи значителнио допонителни средства за земјоделците кои ќе произведуваат пченица, пченка, јачмен, сончоглед, односно производите кои се дефицитарни на глобално ниво и чија цена постојано расте.
Владата деновиве ќе распише огласи и за распределба на нови 6.000 хектари обработливо земјиште кое треба да биде ставено во функција за производство на храна. Планот предвидува и дополнителни средства за младите и жените да станат земјоделците.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар