Македонија
7. April 2022 - 13:25

Приведено лице од тетовско поради сомнение за учество во странска војска, одредена му е мерка притвор

На 06.04.2022 околу 11.00 часот во с.Неготино, полошко, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот З.С. од ова село, на барање на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција, поради сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, казниво по член 322-а став 3 од Кривичниот законик.

Тој бил приведен во полициска станица и изведен пред Судија на претходна постапка, при што му е определена мерка притвор.