Цената на нафтата расте, Регулаторна најави нови цени на горивата од полноќ
Барелот повтoрно над 120 долари. Денеска брент нафтата се тргуваше по цена од 121 долар за барел. Ова е втор пат месецов цената на надмине 120 долари за барел. Прв пат тоа се случи на 7 март, а пикот беше достигнат следниот ден кога цената се приближи до 128 долари.
Како причина за растот на цената по двенеделна пауза се наведува намалувањето на залихите со сурова нафта во САД. Залихите паднаа за 2,5 милиони барели. Втората причина за раст на цените е дефектот во конзорциумот Касписки гасовод кој го поседува еден од најголемите нафтоводи кој од Русија испорачува нафта за Kазахстан па за светските пазари. Заради невреме во рускиот дел на Cрното Море, оштетена е опремата за товарање.
Во земјава, по растот на цените на светските берзи, дизелот поскапе за 21,5 денари за литар во рок од само три дена. Бензините за 9 денари. Потоа, заради пониските цени и мерките на Владата, цената почна да паѓа, но од вчера цените повторно растат. Синоќа дизлот поскапе за 4 денари, денеска се очекува нова цена.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар