Оправдана или не е одлуката за одложено плаќање на сметките на ЕВН кон ЕСМ?
Експертите со поделени мислења околу вчерашната одлука на Владата да и се дозволи на ЕВН на одложено да ги плаќа сметките за набавената струја кон ЕСМ. За едни одлуката е неразумна, други пак сметаат дека и ЕВН има проблеми со наплатата.
Универзитетскиот професот Чаушвески пак причината за ваквата одлука ја гледа во тоа што најверојатно и ЕВН не може да ги наплати долговите за струја , од граѓанатите и фирмите, па поради тоа и се дава ваква можност.
Инаку, на вчерашната седница, Владата го задолжи ЕСМ да склучи анекс договор со кој ќе му се овозмножи на ЕВН шест месеци да не плаќа сметки за струја кон државните електрани. Односно, фактурите за јануари и декември лани, ќе доспеат до јуни, а дупката која ќе се отвори во ЕСМ поради ваквата одлука ,ќе ја покрие државата. Веќе се обезбедени дополнителни 47 милиони евра. Претходно ЕВН се пожалиле дека се на граница со нивната ликвидност поради тоа што трошоците им се поголеми од она што го остваруваат. Државта финансиски го помага и ЕСМ, за да може да обезбеди струја и јаглен. Но, освен фирмите и граѓаните имаат проблеми со високи сметки за струја, откако од јануари цената се зголеми за 9, 5 проценти, а се укина и дневаната евтина тарифа. Пробелмите со струјата почнаа откако кон средината на минатата година, цената на берзите почна нагло да се зголемува. Експертите се надеваат на стабилизација во летните месеци.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар