Бизнис
9. February 2022 - 16:33

УПОЗ најавува штрајк ако не се зголемат останатите плати

Државата прва не го почитува законот за минимална плата. Ова се однесува на вработените во управата и правосудствто каде две категории работници и досега земаа основна плата помала од минималната. Со новите измени со кои минималецот ќе стигне до 18.000 дури четири категории работници ќе стигнат до оваа сума што ќе предизвика крах во системот на плати.

УПОЗ бара заедно со измените во законот за минималната плата да се изменат и посебните закони кои ги регулираат платите на вработените во администрацијата и правосудството. Односно минималецот од 18.000 да се земе како основа на која ќе се додаваат бодови со што вистински би се усогласиле платите наместо да се врши израмнување. Ако барањата на УПОЗ не бидат слушнати, синдикатот најавува протести.

Законот за минимална плата утре е на дневен ред во Собрание. 18.000 денари минималец ќе важи од март, работниците покачена плата ќе земат во април годинава.