Бизнис
7. February 2022 - 16:33

СКМ бара дозвола за работа во недела со почитување на обврските кон работниците

Компаниите сами да одлучуваат дали ќе работат во недела или не. Стопанска комора предлага да се измени сегашното решние кое дефинира кој може да работи во недела. Велат дека секторите кои ги нема на списокот со исклучоци се ставени во нерамноправна положба. Според нивниот предлог, треба да се дозволи сите да работат, но да платат за тоа и да овозможат ден за одмор во текот на неделата.

-Од недовлно јасни причини се утврдија дејностите каде по исклучок, согласно специфики, би можело да се работи во недела, а друг ден да биде за одмор. Не ни е јасно од каде некои дејности се повластени, а некои изземени. Кои биле критериумите? Приватниот сектор во поголем дел е зачуден од ваквото законско решение. Наместо едноставно регулирање, без таксативно наведување на дејностите кои ќе имаат право да работат во недела, вроди со нешто руго – закон со таксативно наброени дејности кои може да работат, а многу се испуштени, рече Орце Ѓорѓиоски од Стопанска комора.

Погодени од ваквото решенние се градежниците и компаниите за производство на градежни материјали. Велат дека палењето и гасењето на печките заради неработната недела ги чини и по стотина илјади евра и тоа во услови на тешка економска и енергетска криза.

-Ваквите примери предупредуваат дека законското решение за „недела неработен ден“, наместо интенцијата на законодавецот, може да предизвика спротивен ефект – затворање на капацитетите и намалување на бројот  работни места. Дополнително, не само што може да предизвика финансиски загуби, туку ќе претставува и ризик од хаварии, ризик по здравјето на вработените и безбедноста при работа, ќе предизвика намалување на конкурентноста на фирмите, поголема потрошувачка на енергија и зголемени производни трошоци, вели Нена Николовска од Комора.

Заради сите недоследности, Комората првично ја оспори неработна недела пред Уставен суд, но потоа по средба со премиерот Ковачевски најави дека ќе се откаже од иницијативата пред Судот.