Бизнис
1. February 2022 - 16:35

Комисија за заштита од дискриминација прв договор на новиот економски тим

Бизнисмените од земјава и тие од Бугарија ќе можат да се жалат на проблеми при инвестирање. Преку посебно тело за заштита од дискриминација ќе се острануваат пречките на кои ќе наидат инвеститорите. Ова  е договорено на првата средба на работната група за економија меѓу двете држави. Како точно ќе  функционира ова тело, детали се уште нема. Тие допрва ќе се договараат. Но и Бесими и неговиот бугарски колега Лорер,  се согласни дека двете земји, треба да си помагаат за да ги оставарат посакуваните стапки на економски раст.

Бугарскиот министер  не знае дали имало случај на дискриминација при инвестирање, но целта е двете земји да бидат подготвени, ако евентуално дојде до тоа. Механизмот бил ефикасен и ќе ги елиминирал сите бариери.

На средбата се зборувало и за важноста на инфраструктурините проекти -  железничката и патната инфрастуктура, за можноста развојните банки и фондовите во двете земји да инвестираа во заеднички проекти,  значајни за економиите. Сепак, за тоа  на кои проекти ќе им се даде приритет, се чекаат и предлозите од бизнис секторот. За попладнево е закажана средба со коморите и од Бугарија и од земјава.