Loading Video...
Бизнис
9. January 2022 - 16:39

Скопјани се организираат за масовни поплаки до Регулаторна поради квалитетот на топлинската енергија

Граѓаните преку социјалните мрежи масовно се органзиираат за да испраќаат поплаки до РКЕ поради проблемите со парното.

И денеска дел од нив се пожалија на слаби радијатори, но и за тоа дека греењето се вклучува подоцна од 6 часот. 

Најчесто со проблеми се јавуваат граѓани од делови на Кисела Вода, Аеродром, Центар, Карпош. Од БЕГ вчера потврдија дека тие редовно испорачуваат топлинска енергија до потрошувачите, а рекламациите кои стигнале до нив се од поединечни објекти за кои екипи веднаш излегле на терен. 

Денеска и од ЕСМ Енергетика соопштија дека, испораката на топлинска енергија е континуирана и е согласно мрежните правила. 

Од Топланата Скопје Север пак која веќе пет дена не ги грее своите корисници, се надеваат дека утре Општината Чаир ќе го подмири долгот за да може да купат гас и да го вклучат греењето. Сепак овие пари нема да бидат доволни за да можат да функционираат. Нивните финансиски  последици поради високата цена на гасот се многу поголеми.

За ублажување на проблемот, универзитетскиот професор Димитров во вчерашната Тема на денот на Сител, посочи дека државата мора да ги помогне компаниите кои испорачуваат топлинска енергија, како што тоа го направи со енергетските фирми. Вели цената на гасот е многу зголемена  и тие не можат да ја издржат.

Димитров смета дека следните месеци, додека трае грејната сезона ќе бидат тешки, но потоа очекува цената на гасот да се стабилизира.

Инаку, по Нова Година парното поскапе за 14 проценти.