Бизнис
20. December 2021 - 19:36

Изгласани измените на Законот со кои недела се прогласува за неработен ден

Недела неработен ден од први јануари. Со 62 гласа ЗА и ниту еден против, пратениците во Собранието ги изгласа измените во Законот за работни односи, со кои дел од работниците во земјава ќе го корИстат ова право. Пратениците од ВМРО –ДПМНЕ не дадоа поддршка, но не гласаа ниту против измените. Пред гласањето посочија дека вака скроен Законот е дискриминирачки и во измените требало да учествуваат сите засегнати страни за мерката да биде подобра. 

Министерката Шахпаска посочи дека со ова ќе се подобри продуктивноста на работниците. Предупреди дека инспекторите ќе бидат постојано на терен за тоа дали се почитуваат законските измени. 

Од ССМ задоволни, велат со ова е направен првиот чекор, но продолжуваат да се борат за останатите барања.

Според Законот, во недела ќе може да работат дејностите кои не може да го прекинат производниот процес. Работниците во овие дејности сепак, ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена. 100 проценти поголема дневница и слободен ден пак се предвидува за оние работници кои ќе работат во несуштинските дејности, но ова е регулирано со законот за трговија кои треба исто така да се изгласа.