Политичката криза и блокадата од Бугарија, причина за пад од 80% на странските инвестиции
Над 38 милиони евра е вкупната сума на странски инвестиции во третиот квартал годинава, пресмета Народната банка. Тоа е 170 милиони евра помалку, во однос на претходниот квартал. Причината за падот, познавачите ја лоцираат во воздржаноста на инвеститорите, главно поради политичките случувања во земјава и пандемијата.
Треневски предлага во идина да се зголеми и промоцијата за земјава кај странските компании. Смета да има уште многу простор за тоа.
Од агенцијата за странски инвестиции главно се задоволни од податоците за странски инвестиции со оглед на тоа што светот две години е во пандемија. Во такви услови било направено се да се промовираат можностите за инвеститорите. Но, велат дека во услови на пост Ковид треба да се размислува на нови начини на промоција.
- Во 2020 година која беше најлоша за економијата, се заврши со околу 200 милиони евра инвестиции што во услови на пандемија е добра бројка. Изминатава година склучивме два меморандума за соработка со Агенциите за инвестиции од Грција и Полска, со кои разминуваме и искуства, а во прегопвдои се и склучување на уште два меморандуми за соработка со Агенциите од Турција и од Казакстан. Македонската економија е отворена и е интересна дестинација за инвестиции. Истражувањата покажуваат дека од сите земјите во Источна и Југостиосчлна Европа, Македонија највисоко котира за отворање на нови бизнис од странски фирми. Во моментов Агенцијата преговара со три нови сериозни компании , две од Франција и една од Обединетото Кралство, се вели во допсиот од Агенцијата.
Пред извесно време од ТИРЗ посочија дека во слендиот период при преговарање со инвеститоруте фокусот ќе биде ставен на изнсоот на платата кои тие ќе треба да ја дадат на работниците.
Инаку според податоците на надлежните најдобрите години во однос на странските компании се 2018 и 2019 година.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар