Демонстранти го каменуваа канадскиот премиер Џастин Трудо | ВИДЕО
Канадскиот премиер Џастин Трудо беше погоден со камења што демонстрантите ги фрлија кон него, за време на неговата турнеја низ Лондон во Онтарио. Тој се враќал во својот автобус по посетата на локална пиварница кога бил погоден од камења. Како што пренесува Би-Би-Си, тој не е повреден.
Трудо распиша предвремени избори кон средината на август, со надеж дека ќе добие мнозинска влада за неговата Либерална партија. Но, неговата кампања беше нарушена со демонстрации против задолжителната вакцинација против Ковид-19 и другите ограничувања.
Пред нешто повеќе од една недела, премиерот беше принуден да го откаже изборниот митинг поради толпа лути демонстранти.
Говорејќи пред новинарите во неговиот предизборен авион по инцидентот во Лондон, Онтарио, Трудо рече дека можеби бил удрен во рамото и го спореди инцидентот со тоа кога една жена фрли семки од тиква кон него во 2016 година.
Според известувачот на „Си-ТВ Нешенал њуз“, две лица кои патувале со автобус за медиуми, исто така, биле погодени од камења, но тие не биле повредени.
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор