50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Нови 50 наслови од едицијата Звезди на свестката книжевсност. По три години реализација, речиси се заокружува овој прокет. Од предвидените 560 дела, остануваат да се промовираат уште 37 книги. Светските врвни класици од многу јазици, се преточени во еден, македонскиот. Читателите имаат можност и да ги купат книгите,кои се на продажба во националната универзитетска библиотека.
-Се надевам дека ваквиот избор и ладното зимско време ќе бидат одлична комбинација многу од овие книги да се најдат во рацете на нашите читатели. Добрата книга може секој да го поведе на долги неистражени патувања, во некои други топли краишта, меѓу разни други народи, во разни други галаксии и секаде каде што човечкиот мозок преку книгата може да отпатув...., Некаде во 2009 и во 2010 година овој проект беше само во нашите мисли. 2011 година беше година во која почнаа подготовките, а во 2012 година веќе ја имавме и првата промоција на капиталниот проект „Ѕвезди на светската книжевност“. Денес на почетокот на 2016 година сме речиси на крајот на неговото заокружување, изјави премиерот Груевски.
Ефектите од преводите на книгите ќе се видат за неколку години, кога ќе сфатиме дека ова е капителан проект, вели министерката за култура.
Тонски-Бетка ѕвездите на светската книжевност се своевидна парадигма за надградба на нашите општествени хоризонти, можност да се запознае глобалната творечка естетика изразена низ разнообразни контексти, во различни временски периоди и во различни делови од светот, и
Ѕвезди на светскта книжевнсот е првата едиција што се прегледува, рецензира и редактира од посебна стручна редакција. Во овој проект учествува книжевната елита на оваа држава.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар