Петрушевски: Николовски и Рашковски на одмор во Дубаи и Мексико ќе потрошат колку што му треба на едно семејство за живот за две години
Народ гладува, повеќе од половина милион граѓани живеат со под 2 евра на ден, 55.000 ги загубија своите работни места, 6.200 фирми се затворија. Владее општа мизерија, заради власта која е неспособна, а Љупчо Николовски – Путерот и Драги Рашковски, баш во овој момент решија да се почестат одмори во Дубаи и Мексико од по десетици илјади евра.
Ова се луѓе одлепени од реалноста и забегани од криминалот.
Од тоа што може да се види низ интернет страниците на сајтовите за букинг станува јасно дека одмор во Дубаи чини околу 10.000 евра, односно 600.000 денари, тоа е колку годишните примања на една цела фамилија, од тие пари тие плаќаат сметки, живеат, школуваат деца, па можеби и одат на одмор, ама не во Дубаи како Љупчо – „Путерот“.
Рашковски во поглед на раскош и гламур го надминал Љупчо – „Путерот“, од тоа што се гледа на интернет страниците на сајтовите за букинг и туристички агенции, одмор во Мексико во овој дел од годината, со хотелско сместување и авионски карти чини некаде околу 20.000 евра.
Само одморот на Рашковски чини колку 200 ваучери за туризам или 200 одмори на просечниот македонец.
Почитувани,
Двајцата врвни луѓе на Заев за одмор трошат буквално колку еден стан. За две недели Љупчо – „Путерот“ и Рашковски ќе потрошат пари, колку што се потребни за обезбедување на дом за некое семејство, кое нема покрив над глава.
Ова се слики од некој од хотелите во Дубаи и Мексико. Да не ги мислите функционерите од власта. Ова е лудачка работа.
Оставки веднаш!
Срамно, неморално, нечовечки!
Но тука се поставува уште едно прашање, кое не смееме да им го премолчиме. Од каде им десетици илјади евра за еден одмор. Платата на Љупчо – „Путерот“ и Рашковски е нешто околу 60.000 денари. За одмор во Дубаи и Мексико се потребни една односно две годишни плати на двајцата. Тоа значи дека или и двајцата не јаделе ништо две години за да идат на одмор, или имаат приходи кои не ги прикажале во нивните анкетни листови. Наскоро ќе знаеме!
Новинарско прашање: Караџовски посочи дека иако е влошена корона состојбата тие како комисија не одлучуваат за пописот, односно се работи за политичка одлука, од друга страна од СДСМ тврдат дека епидемиолошката слика и Комисјата за заразни болести ќе имаат последниот збор, коментар за ова и дали останувате на ставот за законот за поништување на пописот?
Одговор: Тоа е стилот на оваа влада во континуитет винонен да биде некој друг не таа, играње пинг-понг и префрлање на одговорноста помеѓу институциите. Апсолутно не знам дали постои разумен човекк во оваа држва којшто нема да го покрене ова прашање во време на пандемија, во време кога двесетина луѓе ги губат своите животи секој ден, во време кога неколку стотици дневно се заразуваат некој да спроведува попис и да ги посетува и да оди во домовите на тие граѓани, а да не си го постави ова прашање верувам дека е апсолутно на место. Онашто ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го направиме и го направивме е да поднесеме закон за попис со којшто овој попис ќе се одложи исто така во неколку наврати јавно и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски побараа одложување на овој попис во време кога ќе имаме соодветни услови за да оваа статистичка, а не политичка операција биде спроведена на соодветен начин.
Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Охриѓанец завршил во болница откако голтнал ќесичка кокаин за да не го фати полиција
-
1425 сообраќајни прекршоци изминатите два дена на територија на цела држава, 333 за брзо возење
-
Ужас во Охрид: 50-годишник повеќе пати силувал девојче кое не наполнило 15 години, девојчето се породило во март
-
Незапаметен случај на лихварство во Охрид: Маж (35) и жена (39) изнудиле 1.160.000 евра
-
Српски воен падобранец загина по скок со падобран
-
Мајкл О’Флаерти: Северна Македонија да продолжи со посветеност на правата на Ромите
-
РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници
-
Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал