Во Германија запленети 16 метрички тони кокаин од Парагвај
Германските цариници откриле повеќе од 16 метрички тони кокаин во контејнери кои пристигнале во Хамбург од Парагвај, соопштија денеска германските власти.
Според царинската служба во Хамбург, ова е најголема количина кокаин запленета досега во Европа и една од најголемите заплени во светот.
Дрогата е пронајдена при претрес на пет контејнери од Парагвај на 12 февруари, кои европските царински органи ги обележале како сомнителни при анализата на ризикот.
Цариниците откриле кокаин скриен во повеќе од 1.700 лименки.
Во текот на следните неколку дена, германските и холандските власти спровеле дополнителна истрага и запленија уште 7,2 метрички тони кокаин во неделата во белгиското пристаниште Антверпен.
Царинската служба во Хамбург наведува дека количината од над 23 тони кокаин запленета на црниот пазар може да се продаде за неколку милијарди евра.
Холандските власти во средата уапсија 28-годишен маж од Влардинген, за кого постои сомневање дека е одговорен за пратките.
Ново на Сител
-
Поранешниот потпретседател на Европскиот парламент е уапсен во трговската афера со дипломи во Полска
-
Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање
-
Пробиштип: Со возилото намерно удрила сограѓанин - Кривична за 41 годишна жена
-
Спречени три терористички напади за време на ОИ и ПОИ во Париз
-
Другар му го погодил со воздушен пиштол - Дете заврши на скопските клиники
-
Тетовчанец се заканувал на новинарка - Полицијата го приведе
-
Филипче: ДКСК да ја утврди фактичката состојба со мојот имот, а потоа ќе барам Мицкоски да ми се извини
-
Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата