Македонија
11. September 2024 - 18:13

Другар му го погодил со воздушен пиштол - Дете заврши на скопските клиники

На 10.09.2024 во 16.17 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Скопје.

- Според пријавеното, тој се здобил со повредата околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, додека со негов малолетен другар биле во домот, а другарот случајно испукал од воздушен пиштол и го погодил, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.