Делегација на Уставниот суд во посета на Турција
Делегација на Уставниот суд, предводена од претседателот на Судот, Сали Мурати, а во чиј состав беа и судиите Елена Гошева, Јован Јосифовски и Осман Кадриу и советничката Љубица Ангелова, престојуваше во официјална посета на Турција, на покана од претседателот на турскиот Уставен суд, Зухту Арслан.
Во текот на вчерашниот ден, во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со претседателот и судии на Уставниот суд на Турција, на која беше истакната взаемна почит и благодарност за добрите односи помеѓу двете земји, а беше искажано особено задоволство од придонесот на двата уставни суда за зајакнувањето на пријателските односи и соработката помеѓу двете највисоки инстанци значајни за заштита на човековите слободи и права.
Делегацијата на Уставниот суд заедно со турските домаќини разменија мислења и искуства за актуелните уставно-правни прашања од посебен интерес за двата суда кои се однесуваат на разликите и сличностите од аспект на надлежностите, како и со предизвиците со кои се соочуваат во остварувањето на истите.
Од страна на делегацијата на Уставниот суд на Турција беа споделени значителни резултати што државата ги има постигнато во областа на човековите права преку воведувањето на индивидуалната жалба како правен лек пред турскиот уставен суд и неговиот ефект во однос на жалбите поднесени против Турција пред Европскиот суд за човекови права.
Македонската делегација го посочи овој механизам како значаен за заштита на човековите слободи и права, притоа осврнувајќи се на сопствената практика и примената на инструментот – барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.
Во овој контекст, од колегите од Уставниот суд на Турција, беше искажан посебен интерес за јавните расправи кои се одржуваат од страна на Уставниот суд на земјава во овие предмети, од причина што ваков механизам не е предвиден во рамките на постапката пред Уставниот суд на Турција.
Делегацијата на Уставниот суд, во текот на вчерашниот ден оствари средба и со претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, на која беше изразено взаемно задоволство за нејзиното одржување, како и задоволство и почит кон пријателските односи помеѓу двете земји коишто се на исклучително високо ниво.
За време на посетата, македонската делегација оствари средба и со претставници на други високи правосудни органи, како што се Судот за судир на надлежности на Република Турција и Врховниот управен суд на Република Турција на кои беа споделени меѓусебните искуства при остварувањето на своите надлежности и значајноста на овие високи судски органи во едно демократско општество, како и желба за продолжување и продлабочување на заедничка соработка во иднина.
Ново на Сител
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес