Македонија
26. August 2020 - 17:57

Вчера се пронајдени марихуана кај гостиварчанец и прашкаста материја во КПД - Штип

На 25.08.2020 околу 20.40 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ј.К (.28) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 25.08.2020 во 21.57 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом – Штип било пријавено дека во една од просториите на установата пронашле прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.