Loading Video...
Балкан
26. November 2019 - 8:24
Три жртви од земјотресот во Албанија, над 150 повредени
Најмалку три лица загинале во силниот земјотрес кој рано утрово ја погоди Албанија, а медиумите јавуваат дека албанскиот премиер Еди Рама пристигнал во Драч, каде е епицентарот на серијата силни земјотреси.
Медиумите јавуваат дека има најмалку 150 повредени во земјотресите со јачина од 6,4 и 6,5 степени според Рихтерерова скала со епицентар недалеку од Драч.
Во земјотесот причинета е и голема материјална штета. Урнати се две згради, а повеќе се оштетени.
Некои албански агенции јавија дека бројот на жртвите се зголемил на 5, но за ова нема официјална потврда.
-->
-->