-->
-->
АБА лига: Нов пораз за МЗТ Скопје
-->

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја продолжи серијата порази во АБА лигата откако вечерва загуби на домашен терен од Задар со 72:60 (08:21; 27:07; 17:18 и 20:14). Ова за нашиот првак е вкупно седми пораз (четири во серија) на досега одиграните 11 натпревари.
Избраниците на тренерот Алеш Пипан добро го почнаа натпреварот и по 4:4 направија серија од 15:0 за водство од 19:4. Сепак добрата игра на „металците“ траеше само во првата четвртина и гостите од Задар вториот период го добија со 20 разлика и на поувремето имаа предност 35:28.
Во финишот на третиот период МЗТ Скопје поведе во неколку наварти, но сепак гостите имаа контрола над резултатот и натпреварот го завршија со двоцифрена разлика.
Кај МЗТ Скопје најефикасни беа Ѓорѓе Дреновац и Дамјан Стојановски со по 15 поени, најпрецизен на дуелот беше Коузи со 19 поени.
На вториот натпревар одигран денеска Цедевита победи на гостувањето кај Металац со 81:79.Вечерва од 21 часот се игра последниот натпревар од 11.коло меѓу Сутјеска и Црвена Звезда.
Табела: Будуќност 9-2 (победи-порази), Цедевита 8-3, Мега Лекс 8-3, Црвена Звзезда 7-3, Задар 6-5, Крка 6-5, Игокеа 5-6, Олимпија 4-7, МЗТ Скопје 4-7, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Тајфун 4-7, Металац 4-7, Сутјеска 3-7.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
