-->
-->
Променливи откупни цени на градинарските култури во Струмичко
-->

Според нив, доматите вчера се откупувале по 25 денари за килограм, а денеска трговците ги плаќале по 10 денари.
-Таква е состојбата и со откупот на краставиците, кои вчера се откупува за 20 денари, а денес за 10 денари за килограм. Пиперките се откупуваат за 30 денари за килограм, а денеска цената падна на 10 денари, изјави Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.
Додава дека променливите откупни цени се должат на односот на понудата и побарувачката на пазарите. Покрај тоа, намалена е и побарувачката на домашниот пазар.
- Земјоделци кои го пласираат своето производство на пазари ширум државата велат дека нема побарувачка и често пати се случува да го вратат произведеното, додава Божиков.
Трговците информираат дека квалитетните домати се откупуваат по цена од 25 до 35 денари.
- Покрај доматите, добра цена има и зелената пиперка од сортата „куртовска капија“, која се откупува 25 денари за килограм. Цената на краставиците се движи од 15 до 20 денари, а зелката се откупува од осум до 10 денари за килограм, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.
Според него, деновиве има голем интерес за праските и тие се плаќаат по 20 денари од килограм.
Земјоделците информираат дека за неколку дена треба да стасаат доматите кои се засеани како втора култура во пластениците. Се надеваат дека за оваа реколта ќе има поголем интерес и повисоки цени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025