Свет
29. March 2018 - 15:23

Протест на мировни активисти во авганистанската провинција Хелманд

Десетина мировни активисти меѓу кои и жени денеска поставија шатори во авганистанската провинција Хелманд барајќи да се стави крај на воените дејствија.

Нивниот протест уследи откако 12 луѓе загинаа, а 40 се повредени при експлозија на автомобил-бомба пред стадионот во градот Лашкар Га.

Во Авганистан жените ретко протестираат заедно со мажите.

Активистите наведоа дека подоцна ќе се упатат кон дистриктот што е под контрола на талибанците.

- Во протестот не учествуваат владини претставници, ниту политичари ова е чисто народно движење, изјави една од учесничките. 

Поголем дел од провинцијата Хелманд е под контрола на талибанците.