Бизнис
26. February 2018 - 19:56

Граѓаните преку пратениците мора да контролираат како се трошат нивните пари

Пратениците слабо го контролираат трошењето од државната каса. Надзорната улога на Собранието врз извршната власт заостанува од она што е пракса во високо развиените демократски држави. А без ефикасна контрола на Парламентот врз Буџетот не може да се зборува за вистинска парламентарна демократија. Ова го истакна претсдеателот на Собранието Талат Џафери на отворањето на Интерпарламаентарната конференција на тема Моќта на кесето односно Буџестки овластувања и процедури на Европскиот парламент. Џафери истакна дека без контрола, извршната власт станува моќна и се создаваат услови за корупција.

Европратеникот Шолтес порача дека за подобра контролна улога на Парламентот неопходно е покрај Комисијата за буџет да се воспостави и Комисија за контрола на државното кесе. Таа би ги следела ревизороските извештаи во кои се гледа оденсувањето на Владата. По што ќе даде предлози  до власта како да се подобри законската рамка и како да се намали ризикот од коруипцијата и нерегуларностите.

И додека европратениците го споделуваа искуството за тоа како  да се контролира буџетот и трошењето на нараодните пари, нашите пратеници по нивното излагање немаа прашања. Побараа пауза за да се расонат.