Бизнис
7. February 2018 - 20:15

Македонските компании да бидат иновативни, ако сакаат да опстанат на европскиот пазар

Европскиот пазар е немилосрден а македонските компании мора да  се фокусираат на иновации за да опстанат. Ќе се соочат со многу голема и тешка конкуренција покажува бугарското искуство. Земјава мора навреме да почне со градењето на административните капацитети за да  може да ги користи структурните фондови доколку влеземе во ЕУ. Ова се некои од пораките  кои  ги упатија од Бугарскиот АРК Фонд кој работи на спроведување на европските програми. . Нивното искуство говори дека по влезот на Бугарија во Унијата, на отворениот пазар најдобро котирале фирмите кои навреме сфатиле дека може  да се натпреваруваат само ако воведат иновативни решенија.

Со 100 000 евра помош од ЕУ ќе се подобрува капацитетот на малите и средни претпријатија од земјава со цел полесно да воведат иновативни производи и услуги. Домашните фирми аплицираат но не добиваат фианнсии од европските програми. Најголем проблем за нив се уште е проектната апликација.

Според последните податоци од статистика за две години близу 1 000 компании биле иновативни. Најголем дел од нив вовеле иновација на производ или процес по што следуваат фирмите кои спровеле органзизациски и маркетинг иновации.