Кој се пријавил да стане ДДВ обврзник ќе си плати - Кој не пријавил ќе куртули од давачката
Граѓаните што се пријавиле како ДДВ обврзници ќе го платат данокот, останатите годинава ќе куртулат. Од УЈП велат нивната улога ќе биде превентивна. Знаат дека има физички лица што не се пријавиле но нема да ги казнуваат. Лукаревска ги повикува сите на кои се однесува закнот доброволно да се регистрираат иако неизвесно е како ќе се иврши регистрацијата со оглед на тоа дека рокот истече. Таа вели дека сега е доцна за зголемување на прагот. Фискалниот циклус е почнат, и измени ќе се прават догодина заедно со останатите даночни реформи.
Првичните податоци на Управата покажуваат дека бројот на физички лица кои се регистрирале за целите на ДДВ нема драстично да се разликува од претходната година. Лани се пријавиле вкупно 1 185 лица.
Телоп Година Број на физички лица ДДВ обврзници
2015 761
2016 1 059
2017 1 185
Извор: Управа за јавни приходи
- Физичките лица кои издаваат станови за домување не подлежат на ДДВ како и услугите кои се вршат кон странски субјекти, на пример програмерски исто така не подлежат на обврската за плаќање на ДДВ, вели Лукаревска.
Она што најмногу ја налути јавноста во изминатиот период е тоа што пред да дојде на власт сегашната гарнитура ветуваше дека ќе го зголеми прагот на 2 милиони денари. 13 граѓански организации излегоа со став дека Законот за ДДВ е нејасен во многу сегменти, и побараа да се повлече додека не се дефинираат сите детали.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар