Мерките за економски раст се непрецизни, без критериуми која фирма може да ги користи, сметаат експертите
Мерките во владиниот план за економски раст се непрецизирани. Исти критериуми важат за компаниите од различни гранки, што според експертите е неприфатливо.
Од друга страна не се опфатени фирмите кои слабо работат или пропаѓаат, затоа што мерките важат само за н успешните фирми. Ако не се конкретизираат условите за аплицирање, можно е да не се искористат предвидените средства.
Владата во планот предвидува повисоки плати со субвенционирање на фирмите кои ќе ги плаќаат работниците повеќе од 300 евра. Но работодавачите велат дека само ако се намалат нивните трошоци ќе има зголемување на примањата на работниците.
За мерките кои треба да донесат економски раст, владата издвои 60 милиони евра, кои очекува да донесат нови 100 000 вработувања. Експертите не коментираат колку е реално остварлива бројката. Ќе почекаат да почне спроведувањето во пракса.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар