ДЗС: Пазарот на труд има потреба од над 7.500 работници, претежно со стручно образование
Слободни работни места има, но недостига стручен кадар за да се пополнат. Домашните и странски фирми не можат да најдат квалификувани работници. Алармираат дека образовниот систем мора да почне да продуцира ваков кадар. Агенцијата за вработување не може да им помогне на фирмите кога бараат стручни работници за некои профили кои скоро и да ги нема.
И статистика бележи близу 8 000 слободни работни места Најмногу работници се бараат за услужните дејности и продажбата , над 2 500. Недостиг има и од ракувачи и составувачи на машини и постројки, а слободни работни места има и за повеќе од 1 100 техничари.
Фирмите имаат потреба од најразлични кадри а најмногу се бараат работници со стручно образование. Најчесто платата која се нуди изнесува 12 000 денари.
Недостигот од стручен кадар е нешто за кое надлежните алармираа многупати последниве години. Многу паралелки во средните стручни учулишта останаа празни. Апелираа младите да учат за мајстори водоинстлатери заварувачи електричари, професиите кои доминираат во огласите за вработување. Но, им посочија на газдите дека мора да ги покачат платите ако сакаат да ги задржат работниците.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар