Светските сили во страв: Новото руско оружје кое напаѓа позиции на 1500 км оддалеченост
Русија покрена ракетни удари на цели од ИСИЛ, во Сирија со своите бродови во Каспиското езеро, на оддалеченост од 1500 километри, објави рускиот министер за одбрана на Сергеј Шоигу.
Четири воени брода лансираа 26 ракети тип море – земја, на вкупно 11 мети, кои се целосно уништени, изјави рускиот министер за одбрана.
Истовремено копнените сили на сириската војска тргнаа со поддршка на руските авиони во голема копнена офанзива, пренесува Би-Би-Си од изјавите на сириските џихадисти.
Хуманитарната организација на Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во провинциите Хама и Идлиб, забележани се најинтезивни борби во последните неколку месеци.
Судирите уследија по бранот на руските воени удари.
Се чини дека зборот за првата координативна офанзива откако Русија како сојузник на Башар ал-Асад на 30 септември почнала кампања со воени удари.
Русија тврди дека нејзините цели се „сите терористи“ но дел од нејзините напади за цел имало и цивили и бунтовници против режимот на ал-Асад кои го поддржува Западот.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава