Странските компании слабо соработуваат со домашните, се жалат македонските фирми
Странските инвеститори се помалку ги користат услугите и производите од домашните фирми. Тие се почесто основните материјали за производство наместо од тука, ги купуваат од навор. Затоа во следниот период ќе се направи стратегија која треба да покаже што им е потребно на странците за да можат домашните компании да бидат нивни добавувачи. На тој начин освен што ќе го зголемат обемот на производство и приходите , ќе учествиваат со поголем процент во финалниот производ на странскиот инвеститор, ќе се зголеми извозот а ќе има и нови вработувања.
- Странските инвестотори ќе ги избегнат цариснките и други процедури за одложено доаѓање стока или нејзино чување во големи количини.. ЕВН Македонија која увезува големо количество кабли, би можело да го набавува тој производ по многу поповолни цени од македонскиот пазар доколку се обнови процесот на производство во поранешната фабрика за кабли во Неготино. Но, потенцира, предуслов е нивниот стандард на производство да ги достигне условите и спецификациите под кои работат компаниите, изајви Ирена Јакимовска Потпретседател на Совет на странски инвеститори
Инвеститорите претходно се пожалија дека не соработуваат со македонските фирми бидејќи тие им ги нудат производите по неколкукратно повисоки цени од оние во странство. Од бизнис секторот пак посочуваат дека државата треба да им помогне на домашните бизнисмени да одговорат на потребите на странските инвеститори.
- Да ги субвенционира иновативните идеи на домашните фирми, банкарскиот сектор да биде пофлексибилен...
Странските фабрики учествуваат со над 40 отсто во вкупниот извоз . Лани имало зголемување на учеството на домашните производи и услуги во нивното производство.
Инаку во следниот период се предвидени законски измени со кои Агенцијата за привлекување инвестиции ќе ги субвенционира и странските инвеститори кои ќе отворат фабрики надвор од зоните.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар