Бизнис
10. October 2017 - 19:36

Југохром ќе се рестартира на пролет, по исполнување на еколошките стандарди

Југохром доби нов рок од Владата до кога треба да се постават еколошките филтри. Договорот ќе биде потпишан во четврток а фабриката најдоцна до април ќе почне со работа.Филтрите ќе се поставуваат етапно по што дел од погоните ќе стартуваат со производство. Надлежните не прецизираат што конкретно ќе содржи договорот со менаџменттот на комбинатот. Нивниот став е дека сите индустриски капацитети треба да ги исполнуваат законските обврски.

- Комбинатот може да се рестартира само по фази и откако ќе ги исполни еколошките стандарди, изјави Јани Макрадули

Неодамна менаџментот на Југохром изјави дека по договорот ќе се интензивира изградбата на филтри на двете најголеми печки. Со ова дел од работниците ќе бидат вратени на работа.

Комбинатот не работи веќе една година. Поради пробивање на рокот за изградба на системот за отпрашување инспекторатот изрече забрана за работа во ноември лани. Околу 800 лица останаа без работа, останати се мал дел неопходни за одржување.Работниците неколку пати протестираа барајќи решение за нивниот проблем.