Општините ќе одлучуваат дали ќе се даде концесија за изградба на рудници
Без позитивно мислење од општината нема концесија за изградба на рудник, тврди министерот за економија Бектеши. Со други зборови одржаните референдуми во некои општини се необврзувачки за надлежното министерство, бидејќи локалните самоуправи веќе дале зелено светло за изградба на рудниците. Доделувањето на концесијата е сложена процедура која завршува со договор помеѓу државата и инвеститорот откако претходно ќе ги помине сите филтри во надлежните министерства и Советот на општината.
- При постапката за доделување на концесии се консултираат сите институции кои можат да придонесат во своето мислење во делокругот на својата работа, но најбитно од се е што секогаш се бара мислењето на општините на чија територија ќе се врши концесиската дејност, изјави Крешник Бектеши Министер за економија
По одржаните референдуми во неколку општини од Југоистокот, Бектеши испрати допис до општините кои претходно дале позитивно мислење за отворање на рударските капацитети. И тогаш истакна дека референдумите не можат да бидат причина за еднострано раскинување на договорите .
По Гевгелија, Дојран и Богданци Валандово беше четвртата општина во која се одржа референдум на кој граѓаните се изјаснија дали се ЗА или ПРОТИВ отворање на рудници и за работа на комплексот Казандол. Единствено референдумот во Валандово не успеа. Недостасуваа околу 300 гласа за да се изгласа одлуката против изградба на Казандол и нови рудници.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар